Најдобриот играч на Челзи, Еден Азар изјави дека без разлика што неговиот сон е да заигра за Реал Мадрид еден ден, не му пречи да остане во лондонскиот клуб до крајот на кариерата.

Неговото име се повеќе се поврзува со трансфер во редовите на европските шампиони, откако тој испрати позитивни сигнали до Реал. Клубот од Мадрид е подготвен да испрати понуда до Лондон во следниот преоден рок или најдоцна до летото.

– Можам да ја завршам кариерата во Челзи, немам проблем со тоа. Среќен сум во клубот, со тимот, а и моето семејство се навикнаа тука. Ако не одам во Шпанија, тоа нема да биде проблем, рече Азар за „Скај Спорт“.

Сепак, белгискиот репрезентативец не ја отфрли можноста за напуштање на „сините“.

– Не знам што ќе се случи во иднина. Јас во секој случај ќе бидам среќен, што и да се случи, заклучи тој.

Азар игра одлично откако новиот менаџер Маурисио Сари дојде во клубот и веќе даде седум гола на осум натпревари во Премиер лигата и во моментов е најдобар стрелец.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2018 13:04