Организаторите на „Вимблдон“ одлучија од следната година да се воведе тај-брејк во решавачкиот сет, најавија од „Ол Ингланд Клуб“ (АЕЛТС).

На овој начин, ја прекина традицијата да се игра додека еден тенисер не направи разлика од два гема во петтиот сет кај мажите, и во третиот кај жените. Одлуката дојде по полуфиналето оваа година, кога Кевин Андерсон од Јужна Африка го победи Американецот Џон Иснер со 26-24 во петтиот сет.

– Анализирани се податоците од изминатите две децении и дојде време да се воведе тај-брејк во петтиот сет. Иако знаеме дека е реткост да се пролонгира петтиот сет, решивме таквите натпревари да се завршат во разумен рок, рече претседателот на „АЕЛТС“, Филип Брук.

На „Вимблдон“ е одигран и најдолгиот меч во историјата, откако во 2010 година Иснер и Николас Мау играа повеќе од 11 часа. Натпреварот траеше три дена, а на крајот триумфираше Американецот со 6: 4, 3: 6, 6: 7 (7), 7: 6 (3), 70:68.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2018 14:30