Српскиот национален тим се квалификуваше за финалето на Светското женско првенство во одбојка.

Србинките ја победија Холандија со 3:1 (25:22, 26:28, 25:19, 25:23) и утре ќе играат за титулата против победникот од натпреварот меѓу Италија и олимпискиот шампион Кина.

Дуелот беше повторување на финалето на Европското првенство пред една година, кога Србинките исто така победија со 3:1.

Тијана Бошковиќ реализира 29 поени за Србија, додека Лонеке Слојтерс постигна 23 поени за „портокаловите“.

Дуелот помеѓу Италија и Кина се игра подоцна денеска.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2018 18:36