Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги изјави пред натпреварот од деветото коло на Ла Лига против Леванте дека чувствувал целосна поддршка од клубот.

„Белите“ се во серија од четири натпревари без успех и речиси седум часови без гол.

– Чувствувам целосна поддршка од клубот. Апсолутно. Очекуваме еден натпревар против противник кој има две последователни победи. Игра по специфичен систем. Со нетрпение ја очекуваме средбата и се надеваме дека ќе им донесеме радост на нашите навивачи, изјави Лопетеги.

Во однос на шпекулациите за трансферите на нови играчи на „Бернабеу“, поранешниот селектор на Шпанија изјави дека има доверба во фудбалерите со кои располага.

– Решението е во играчите кои ги имаме, имам целосна доверба во нашиот состав и сигурен сум дека ќе имаме голема сезона. Тоа е Реал Мадрид, бараме максималното во секој натпревар. Ова е еден од тимовите, кој може да ги освои сите трофеи. Се бара постојаност и работа, заклучува Лопетеги.

Реал Мадрид е четврти со 14 поени по осум кола во Ла Лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2018 18:43