Тренерот на Вотфорд, Чави Гарсија, изјави дека очекува да потпише нов договор со англискиот премиерлигаш.

Тој наведе дека преговорите со раководството на клубот се движат во позитивна насока.

– Би сакал да останам подолго во клубот, бидејќи овде добро се прилагодив. Овде ја гледам мојата иднина и во овој клуб можам да ги реализирам моите амбиции. Во моментов разговараме и нештата се одвиваат добро, истакна Гарсија.

Тој во јануари годинава потпиша 18-месечен договор со Вотфорд, откако од клубот си замина Марко Силва. Гарсија сезонава ја започна со четири победи.

– Во фудбалот никогаш не знаете што ќе се случи. Па затоа сакам да се сконцентрирам само на следниот натпревар и да ја извршувам мојата работа најдобро што можам, наведе шпанскиот тренер.

По осум кола во Премиер лигата, Вотфорд е на деветата позиција на табелата со 13 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2018 18:52