Ракометарите на Барселона повторно ја освоија престижната титула на турнирот „Супер глоуб“ во Доха.

Во финалето на неофицијално cветско клупско првенство, шпанскиот клуб го совлада Фуксе Берлин со 29:24.

Барселона со вкупно четири титули (2013, 2014, 2017 и на последното издание годинава) е убедливо најуспешниот учесник на „Супер глоуб“.

Актуелниот европски шампион Монпеље го освои третото место на турнирот, откако го победи катарскиот првак Ал Саад со 33:32.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2018 11:15