Пилотот на Дукати, Андреа Довициозо освои пол-позиција за утрешната Гран При на Јапонија во МотоГП и има одлична можност да му попречи на лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез да стане шампион за сезоната 2018 уште во Јапонија, три круга пред последната трка во Валенсија.

За да останат шансите за титулата на Дови живи, ќе биде доволно тој да заврши во топ 4 пред Марк. Лидерот во генералниот пласман со Хонда Маркез ќе започне шести.

Од втора и трета позиција пак ќе тргнат Јоан Жарко со Јамаха Тек и Џек Милер со Прамак Рејсинг, со што ниту една фабричка Хонда или Јамаха не најде место во првите три.

Зад топ 3 утре ќе започнат Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда) и пилотот на Сузуки Андреа Јаноне. По шестиот Маркез ќе тргне Маверик Винњалес (Јамаха), Алекс Ринс со вториот Сузуки и Валентино Роси со другата Јамаха.

Големата награда на Јапонија започнува во недела, 07,00 часот по македонско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2018 12:18