Дваесетгодишниот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ влезе во историјата на Бундеслигата минатата ноќ откако стана најмладиот играч во елитата на Германија со пет погодоци во еден натпревар. Србинот погоди пет пати за успехот на тимот над Фортуна со 7:1 и поведе во листата на стрелците.

Медиумите во Германија веднаш го нарекоа Јовиќ и „српски експрес“.

– Неверојатна игра, јас едноставно немам зборови да изразам колку сум среќен. Денот беше многу емотивен за мене. Не само поради петте гола, туку затоа што тимот одигра едноставно прекрасно. Мило ми е што фановите го пееја моето име и сакам да им се заблагодарам за поддршката, рече напаѓачот кој игра во Ајнтрахт, отстапен од Бенфика.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2018 15:44