Манчестер Јунајтед пропушти да забележи победа против Челзи среде „Стемфорд Бриџ“ и одигра само 2: 2, откако „сините“ постигнаа гол во последните секунди од натпреварот.

Резултатот го отвори Рудигер со гол за домаќините во 21-та минута, додека гостите немаа ниту еден прецизен удар до паузата. Потоа, сепак, работите се променија и Марсијал направи пресврт со голови во 55-тата и 73-тата минута.

Во средбата од 9-тото коло на Премиер лигата, тимот од Лондон беше не пат да го доживее првиот пораз сезонава под водство на Маурицио Сари, но со голот на Баркли во 96-тата минута обезбеди реми.

По овој меч Челзи е лидер со 21 бод, а Јунајтед е осми со 14 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2018 15:55