Реал Мадрид на Хулен Лоптеги продолжува да тоне во Ла Лига, откако „Кралевите“ изгубија со 1:2 од Леванте среде „Сантијаго Бернабеу“, со што немаат победа веќе четири последователни натпревари.

Мала утеха за тимот е што ја прекина рекордната серија без гол од 481 минута.

Инаку гостите ги шокираа фановите на „Бернабеу“ со два гола до 13-тата минута, кои беа дело на Моралес и Марти од пенал.

„Кралевите“ ги „искршија“ рамките на голот, откако погодија три стативи, а на два пати голови на тимот беа поништени поради офсајд, вклучувајќи и на Маријано Дијаз во 88-та минута.

По овој пораз Реал е на петтото место на табелата со само 14 бодови од девет натпревари, додека Леванте се искачи до седната позиција со 13 бода.

Следната недела Реал гостува на Барселона во „Ел Класико“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2018 16:03