Пилотот на Мрецедес, Луис Хамилтон освои пол позиција на квалификациите за Големата награда на САД во Формуал 1, со што ги зголеми шансите за освојување на шампионската титула уште по денешната трка.

За таа цел, тој ќе мора да освои најмалку осум бодови повеќе од неговиот конкурент Себастијан Фетел. Пилотот на Ферари оставри втор резултат на квалификациите, со заостанување од само 61 илјадити делови од секундата, но ќе ја почне трката како петти поради казна.

Трето време оставри тимскиот колега на Германецот во „Скудерија“ – Кими Раиконен.

Трката за ГН на САД во Остин се вози од 20 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2018 11:56