Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино го повика раководството на клубот да обезбеди средства за нови засилувања во текот на зимскиот период, за да може тимот да напредува и наредната сезона повторно да игра во Лигата на шампионите.
Летна селекција во составот на „петлите“ во пракса и немаше, бидејќи тимот не успеа да донесе ниту едно од имињата што ги сакаше, иако Аргентинецот располагаше со буџет да обезбеди нови играчи и пред оваа сезона.
Тимот моментно е четврти во табелата и се претставува одлично за своите стандарди, но на Аргентинецот му е јасно дека нема да биде лесно остварување на целта – тимот и оваа сезоната да заврши меѓу водечката четворка.
– Имаме потреба од нови засилувања во јануари, за да можеме да го освежиме тимот. Треба да го задржиме нивото, а дури и да го зголемине, но за таа цел ќе ни се потребни уште фудбалери со голема класа, изјави Почетино.