Репрезентативките на Србија постигнаа историски успех на Светското првенство во Јапонија откако ја освоија својата прва титула. Трофејот го освоија по победата над Италија со 3:2 во сетови во големото финале, одиграно во Јокохама.

Тренерот Зоран Терзиќ, које на чело на тимот од 2002 година, освоил многу медали со различни репрезентации, но светското злато е најважната титула во неговата кариера (по европското минатата година и среброто од Рио 2016).

– Тешко е да се пронајдат зборови. Среќни сме и горди – тоа беше нашиот сон. Го водам тимот од 2002 година. Русија и САД освоија златни медали на претходните светски првенства и сметавме дека би било одлично и ние да го направиме тоа. Еве и тоа се случи! Ова е најголемиот успех во историјата на женската одбојка во Србија, изјави Терзиќ по мечот. „МВП“ на турнирот, Тијана Бошковиќ, исто така, го оцени успехот на Србинките како историски.

– Беше долг пат, но постигнавме историски успех. Многу се гордеам со сите. Среќна сум, а за мене е чест да бидам „МВП“ на Светското првенство. Не би можела да го направам тоа без помош на моите колешки и тренерскиот штаб. Оваа награда ми дава голема мотивација за во иднина. Ние игравме како тим и се поддржувавме во тешките моменти, изјави одбојкарката на Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2018 15:09