Со голот на Мауро Икарди постигнат во втората минута од судиското надополнување, Интер го совлада градскито ривал Милан со 1:0.

Ова беше седма победа во низа за фудбалерите на Интер во сите натпреварувања по што се искачија на третата позиција во Серија А со освоени 19 бода. Пред Интер се Наполи со 21 и Јувентус со 25 бода.

Милан го запиша вториот пораз оваа сезона и по девет рунди се наоѓа на 12.место со 12 бода и натпревар помалку.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2018 10:21