Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски беше стрелец на првиот гол за својот клуб Палермо синоќа на гостувањето кај Лече.
Палермо победи со 2:1 и изби на третата позиција на табелата во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Италија – Серија Б.
Вториот Македонец кој настапува за клубот од Сицилија, Александар Трајковски беше асистент при победничкиот гол на Палермо.