Работнички се врати во победнички ритам, а новиот тренер Жикица Тасевски дебитираше во клубот на триумфален начин. Совладана е Ренова на гости со 2:0, а тој заслугите им ги припишува на фудбалерите.

- Ова е многу значајна победа, остварена на тежок терен, против квалитетен ривал. Ренова беше во налет, има одличен тим, а ние успеавме да ги неутрализираме и да оствариме победа. Заслугите одат за фудбалерите, одигравме храбро, знаевме што сакаме и тоа го демонстрираа на теренот. Имаше и Ренова свои шанси, а во некои моменти среќата беше на наша страна. Но, најважни се трите бода, остварената победа и вратената самодоверба, изјави Жикица Тасевски за клупскиот сајт.

Работнички по десет одиграни кола во македонскиот шампионат се наоѓа на четвртата позиција, со 14 освоени бода.

Следен противник на „романтичарите“ е тимот на Силекс.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2018 16:21