Фудбалерот на Ливерпул, Џердан Шаќири, пред натпреварот со Црвена ѕвезда истакна дека не очекува срдечен прием во Белград, но дека е подготвен да го издржи притисокот и дека не го интресира однесувањето на дел од навивачите.

– Кон овој натпревар се однесувам како кон секој друг. Очекувам да има такви кои ќе ме исвиркаат. Но, на крајот станува збор за фудбал. Натпреварот е важен и сакаме да обезбедиме победа, истакна Шаќири за англиските медиуми.

Ливерпул првиот натпревар од двомечот со Црвена ѕвезда ќе го игра в среда на домашен терен, а поради казната српскиот првак ќе допатува без навивачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2018 16:48