Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери беше среќен по синоќешниот триумф над Лестер извојуван по водството на гостинскиот тим. Емери го издвои Месут Озил како пример за посветност кон тимот.

Постигнавме голема победа која со прикажаната игра ја заслуживме. Сите фудбалери се заслужни за триумфот, но би сакал да го издвојам Месут Озил. Тој е целосно посветен и на натпреварите, но и на тренинзите. Неговите добри игри позитивно влијаат на целиот тим, изјави Емери. Под водство на францускиот стручњак, Арсенал не ја почна сезоната според очекувањата, но како одминува времето „топџиите“ се се подобри и се наоѓаат во победничка серија која трае десет натпревари во сите натпреварувања.

Во Премиер лигата по девет рунди Арсенал е на четвртата позиција со 21 бод колку што има трето пласираниот Челзи. На првите две позиции се Манчестер Сити и Ливерпул со по 23 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2018 11:31