Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, верува дека неговиот тим има сили и квалитет да ја надмине резултатската криза во која се наоѓа и додаде дека не го засегаат пишувањата во медиумите за негово скоро разрешување.

Ние сме тим на шампиони и знаеме како да се издигнеме од ситуацијата во која се најдовме. Свесни сме дека треба да бидеме подобри и тоа ќе го направивме. Фокусирани сме и мотивирани досегашните резултати да не влијаат на нас. Возбудени сме пред натпреварот од Лигата на шампионите, изјави Лопетеги. Шпанскиот стручњак посочи дека до него не допираат се почестите шпекулации за негова скорешна смена.

-Не придавам значење на пишувањата по медиумите. Моја задача е да ја подготвам екипата за секој нареден натпревар и тоа го првам, потенцира Лопетеги.

По шпанските медиуми се појавија информации дека вечерашниот дуел со Плзењ (21 часот) во ЛШ на домашен терен, како и дербито со Барселона следниот викенд се пресудни за судбината на Лопетеги на тренерското место во Реал.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2018 11:34