Фудбалските репрезентации на Македонија составени од играчи до 15 и 16 години ќе одиграат контролни натпревари против соодветните селекции на Црна Гора и Романија.

Македонија до 15 години предводена од селекторот Неџат Шабани денес од 14 часот и утре од 11 часот ќе и гостуваат на Црна Гора. Првиот дуел се игра во Подгорица на „ДГ“ арена, додека вториот на стадионот на Златица.

За двата меча против Црногорците, селекторот на Македонија до 15 години ќе смета на следните фудбалери: Стефан Тасев (ФФМ Академија), Мирче Стоилов (ФФМ Академија), Бленд Зекири (ФФМ Академија), Енис Бучи (ФФМ Академија), Марко Ристов (ФФМ Академија), Матеј Ангелов (ФФМ Академија), Матеј Георгиев (ФФМ Академија), Михаил Талевски (ФФМ Академија), Матео Софијановски (ФФМ Академија), Георг Стојановски (Вардар), Дашмир Елези (Шкендија), Васко Василев (ФФМ Академија), Димитар Стојкоски (Шкендија), Донарт Ибраими (Работнички), Никола Павлевски (Вардар), Бесар Гуџуфи (Вардар), Мите Митев (Академија Пандев), Дорарт Амити (Шкендија), Виктор Боневски (ФФМ Академија), Максим Милошевски (Вардар).

Репрезентацијата на Македонија до 16 години во Букурешт против Романија исто така ќе одигра два контролни натпревара. Селекторот Ѕвонко Златановски ги повика: Стефан Митрев (Арау, Швајцарија), Лука Стојковски (Вардар), Љавдрим Ибрахими (Работнички), Грегори Давков (Вардар), Христијан Николовски (Македонија Ѓ.П.), Елмедин Рамадани (Шкендија), Андреј Стојчевски (Вардар), Самет Реџепи (Шкупи), Љупче Кудев (Брегалница), Ване Крстевски (Постолов – Пандев), Октај Ракипи (Шкендија), Рамиз Беровиќ (Работнички), Христијан Георгиевски (Работнички), Петар Давидовски (Вардар), Мартин Талаков (Академија Пандев), Марио Геговски (Работнички), Дарко Марковски (Работнички), Емир Саитовски (Домжале, Словенија), Муртезан Незири (Њу Старс), Албан Таипи (Ренова).

Почетокот на денешниот натпревар е во 14 часот, додека на 25 октомври дуелот е закажан во 11 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2018 16:35