Светската атлетска федерација (ИААФ) ги објави десеттемината номинирани за наградата „Атлетичар на годината“.

На листата се Кенијците, Тимоти Черут (трчање на 1.500 метри), Елиуд Кипчоге (маратон) и Емануел Корир (трчање на 800 метри), Американците, Кристијан Колман и Ноа Лајлс (спринт), Французинот, Кевин Мајер (десетобој) Новозеланѓанецот, Томас Волш (фрлање ѓуле), Катарецот, Абдерахман Самба (трчање на 400 метри со пречки), Швеѓанецот, Арман Дуплантис (скок со стап) и Јужноафриканецот, Луво Манонга (скок во далечина).

Носителот на наградата ќе биде прогласен на церемонија во Монако на 4 декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2018 18:40