Грешките на Себастијан Фетел веќе не се случајни, а Германецот очигледно не е во форма. Тоа го објави техничкиот шеф на Формула 1, Рос Браун, кој пред многу години беше заслужен за успесите на Михаел Шумахер и Ферари.

Надежите на навивачите на „Скудерија“ беа дека во оваа сезона четирикратниот светски шампион ќе ги врати „црните коњчиња“ на врвот, но тоа нема да се случи поради серија грешки на пилотот.

Во Остин тој повторно имаше проблеми, откако прво доби казна од три места и започна петти, а потоа се удри со Даниел Рикардо, се заврте и макар и да дојде до четвртото место на крајот, загуби уште три поени против Луис Хамилтон, на кого му требаат само пет поени за да триумфира во Мексико.

– Не сакам да го притискам Фетел, но овие инциденти очигледно не се случајни. Тие само покажуваат дека Себастијан не е во форма. Шансите за титулата веќе некое време се само математички. Ферари мора да размисли како да го натера Германецот да го покаже својот талент. Во петокот тој допушти грешка, откако не намали при црвените знамиња и тоа му донесе казна. Потоа се вмеша во друга несреќа со Рикардо и изгуби многу позиции. Така беше залудно потрошена уште една можност барем малку да го намали заостанувањето, особено ако се има предвид она што Кими (Раиконен) го направи со истиот болид, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2018 19:14