[hpoto]

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвариола, беше импресиониран од играта на неговите избраници на синоќешниот дуел од Лигата на шампионите на гости со Шахтјор.

Англискиот првак победи со 3:0, а целата работа ја заврши уште по првото полувреме кое Гвардиола го оцени како најдобро под негово водство.

– Одигравме одлично, посебно во првото полувреме за кое можам да кажам дека е најдобро од моето доаѓање пред три години. Бевме под психолошки притисок, особено по поразот во првото коло од Лион. Сега сме во ситуација сами да одлучуваме за нашата судбина. По двете победи на гостински терен се наоѓаме на првата позиција на табелата, истакна Гвариола.


Гвардиола: Најдобро полувреме од моето доаѓање во Сити

На половина од Ф-групата во Лигата на шампионите, Манчестер Сити има шест бода, Лион пет, Хофенхајм и Шахтјор по два.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2018 09:49