Од утре стартува глобалниот Филмски мизички натпревар 2018 (ФНМ), чиј домаќин е Република Словачка. Станува збор за единствен меѓународен натпревар за креатори на оригинална филмска и телевизиска музика, композитори, бендови, музичари, продуценти, солисти, автори на краткометражни филмови, видеа и графика, без ограничувања на старосната граница, националноста или земјата на живеење.
Наменет е за оригинални филмски или телевизиски авторски композиции, како и инструментални композиции и краткометражни филмови и видеа. Целта е да се овозможи на нови или професионални музичари, режисери, креатори на филмови, видеа и графика, да го испратат својот труд на меѓународиот натпревар преку интернет, од удобноста на нивниот компјутер или студио. Да дозволат да бидат оценувани од страна на меѓународното жири, составено од експерти од музичката и филмската индустрија, соопштуваат организаторите.
Финалето на проектот ќе се одржи во форма на големо гала-финале и филмски проекции во атрактивниот историски словачки град Кошице. За апсолутните победници ќе одлучи професионалното меѓународно жири кое го сочинуваат експерти од целиот свет поделени во различни категории на натпреварот.
Според организаторите, преку натпреварот треба да се постигне меѓународна соработка на културно ниво помеѓу Република Словачка и државите вклучени во овој проект. На ФМН – Филмскиот Музички Натпревар може да се пријават и талентирани музичари, филмаџии и графички дизајнери од Македонија.