Легендарниот возач во Формула 1, Ники Лауда, по три месеци си замина од болницата, каде му беше извршена трансплантација на белите дробови.

Трикратниот шампион е отпуштен од болницата во Виена во „добра здравствена состојба“. Тој беше хоспитализиран поради сериозна инфекција, а на втори август му беше извршена трансплантација.

Лауда во 1976 година имаше сериозна несреќа на трка во Формула 1 и претрпе тешки изгореници особено на главата. Воедно на 69-годишниот возач двапати му беше извршена и трансплантација на бубрезите.

Од 2012 година Лауда е дел од екипата на Мерцедес и беше еден од клучните луѓе кои помогнаа Луис Хамилтон да дојде во тимот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 09:36