Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах рече дека е среќен и горд што постигна 50 гола за „црвените“ од Енфилд. Египќанецот беше двоен стрелец на синоќешниот дуел со Црвена ѕвезда во 3.коло од Лигата на шампионите што Ливерпул го доби со 4:0.
– Ова е прекрасно, среќен сум што постигнав 50 гола за Ливерпул. Многу сум горд на тоа, и се надевам дека ќе продолжам да постигнувам уште многу за да му помогнам на тимот да победува, изјави Салах.
Натпреварот со српскиот шампион беше 65-ти за Салах во дресот на Ливерпул.