Производителот на автомобили „Тесла“, кој во третото тримесечје годинава заработи 312 милиони долари благодарение на продажбата на „Модел 3“ автомобилите, го најави својот извоз на овие возила во Европа и Кина.
– Пазарот за седани со средна големина во Европа е двапати поголем од оној во САД. Затоа, ние со нетрпение го очекуваме префрлањето на „Моделот 3“ во Европа на почетокот на наредната година, соопшти Тесла.
Првите нарачки ќе може да се направат веќе наредните два месеца. Потоа седанот ќе може да се најде и на кинескиот пазар, а за подолгорочни цели понатаму, предвидена е и изградба на фабрика во Шангај.