Ленардо ди Каприо ќе има улога во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе, крими-драмата „Killers of the Flower Moon“.
Во него се раскажува за колежот кај домородното американско племе Осејџ во 1920 година, во Оклахма, откако во својот резерват пронашле нафта. Истрагата на ФБИ потоа води кон разоткривање на едно од најподмолните криминални заговори во американската историја.
Скорсезе ќе биде и продуцент, заедно со Ден Фридкин. Сценариото е на Ерик Рот, а приказната е заснована на романот на Дејвид Грен.