Доцна вечерва од Ракометната федерација излегоа со соопштение во врска со информациите дека околу 500-тини навивачи кои имале купено карти на натпреварот помеѓу Македонија и Турција сепак не успеале да влезат во преполната сала во Битола.
„Почитувани пријатели на ракометот,
Ракометната Федерација на Македонија ги отстапи влезниците во целост на РК Пелистер за квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија - Турција кој се одржа во спортската сала “Боро Чурлевски”.
Ракометната Федерација на Македонија упатува извинување до сите кои имаа обезбедено влезници, а немаа можност да присуствуваат на натпреварот и истите ќе бидат финансиски надоместени од страна на РК Пелистер.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија.“ стои во објавата на официјалниот профил на Ракометната федерација на Македонија.