Коби Брајант го зазеде своето место крај теренот во „Стејплс Центар“ во првата четвртина и ги инспирира не само навивачите, но и играчите на Л.А. Лејкерс за победа.
Легендата предизвика сериозна возбуда меѓу навивачите на тимот, а потоа виде како Леброн Џејмс забележа „трипл-дабл“ од 28 поени, 11 скока и 11 асистенции во победата над Денвер со 121:114.
– Се разбира, го видов како седи покрај теренот. Тој е еден од најголемите за „Eзерџиите“. Неговата 20-годишна кариера е неверојатна. Да можам да бидам негов ривал со години, а сега да го носам и дресот на неговиот тим, е нешто посебно, изјави Леброн по 74-иот „трипл-дабл“ во неговата кариера. Потоа „кралот“ направи и кратка анализа на мечот против „грутките“.
– Во претходните натпревари, откако заостанувавме во резултатот, не можевме да направиме пресврт. Сега, сепак, се научивме од нашите грешки и тоа беше исклучително важно, рече Џејмс, чиј тим се подобри до скор 2-3.