Возачот на Репсол Хонда, Дани Педроса, во следните две години ќе биде тест возач на КТМ.

Иако Педроса најави дека на крајот од оваа сезона ќе ја заврши активната возачка кариера, денеска од КТМ потврдија дека тој во следните две години ќе биде нивен тест возач.

Директорот на КТМ, Пит Брајер, соопшти дека очекуваат со доаѓањето на Педроса клубот да напредува благодарение на неговото искуство и вештини.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 20:18