Блокотехна на домашен терен убедливо го совлада Шкупи со 128:47 во четвртото коло од Првата кошаркарска лига.

Гостите беа рамноправен противник само во првите две и пол минути, а потоа кошаркарите на Блокотехна ја презедоа контролата на теренот и воспоставија предност која до крајот на натпреварот само ја зголемуваа.

Седум домашни кошаркари го завршија натпреварот со двоцифрен учинок, а најефикасни беа Младеновиќ со 18, Глигоријевиќ со 17 и Цветковски со 16 поени. Кај Шкупи немаше ниту еден кошаркар со двоцифрен учинок, а најдобри беа Рангелов и Цариќ со по седум поени.

За Блокотехна ова беше четврта победа сезонава.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2018 10:32