Во рамки на третото коло на Првата женска кошаркарска лига на Македонија кошаркарките на Бадел 1862 славеа убедлива победа против екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица. Во текот на целиот натпревар кошаркарките на Бадел одиграа супериорно и во ниеден момент не им дозволија на противничките резултатски да им се приближат.
Ако во минатото коло ЖКК Баскет Кам се поигруваше со противникот од Делчево, ЖКК Клубски Патриот со кој одигра 73:37, кошаркарките овојпат не беа на нивото на задачата и иако имаа помош од домашната публика сепак загубија со 57:88.
-ЖКК Бадел 1862 е екипа која повеќе од деценија е број еден во домашното првенство со повеќе освоени титули во првенството и Купот на Македонија од женската кошарка. Сепак натпреварот беше убава шанса за нашите млади кошаркарки, дел од младинската школа на КК Баскет Кам, да одиграат натпревар против навистина посилен противник, кој мора уште еднаш да напоменеме, професионално ја одработи рутинирано победата во Македонска Каменица, велат од стручниот штаб на домашната екипа.
Вториот претставник од Истокот во прволигашката женска конкуренција, екипата на Клубски Патриот од Делчево, денес во 13 часот, натпреварот од 3 коло го игра на гостински терен против екипата на Крива Паланка.