Екипата на Оклахома Сити го запиша првиот триумф оваа сезона откако ноќеска беше поуспешна од Феникс Санс со резултат 117:110.

Расел Вестбрук и Пол Џорџ со по 23 поени, како и Нерленс Ноел со 20 поени и 15 скока беа најзаслужните за победата на домаќините.

„Тандер“ победија по четири загубени натпревари од стартот на новата НБА сезона.

И Феникс имаат само еден позитивен резултат наспроти пет загубени средби.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 10:11