Овој Петок во Скопје поточно во Концепт 37, се случува промо забава на “street wear’’ брендот Голока, кои за прв пат ќе ги претстави пред скопска публика своите производи. Дизајните што ќе ги презентираат се рачна изработка од страна на познати графитџии и дизајнери од Бугарија како Nasimo, Galen Zhelyazkov – Omerta и други.

Голока е супер фраерски бренд кој доаѓа од соседството , и кој ќе ги презентира своите кул дизајни на облека - маички, капи, блузони итн. Постојат повеќе од 5 години и се афирмиран ''Street wear" бренд кој има продажна мрежа во Бугарија, Канада, Чешка...

Голока, заедно со домакините Токсиколози - Џоле, Сиги и Кацар, ќе ви ја претстават и првата соработка со скопските хипхопери, односно новата линија на маици - Токсиколози едиција.

Бидејки ова е промо журка, артиклите ќе бидат по промотивна цена.

Зад грамофоните ќе биде DJ Drazi Drags , а зад микрофоните Токсиколози и Gerata (BG).

Локација: Concept 37 Старт: 20:00

Корисни линкови:



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2018 16:20