Раперите Фифти Сент и Џа Рул се скарани веќе 20 години, период исполнет со многу бизарни ситуации. Но, онаа што се случи викендов, засега се наоѓа некаде на самиот врв, ако ги рангираме во рејтинг листа.
Имено, Фифти купил билети за 200 седишта во првите редови, за салата за време на концертот да изгледа празно. Потоа, на Инстаграм објави колаж-фотографија од празните седишта и самиот себе, насмеан и додаден со помош на Фотошоп.
Џа Рул не му остана должен… Исто така преку Инстаграм, прво објави колаж од Фифти Сент со перика и шминка, а потоа и негова слика од промоција на бренд вотка, фотографиран со негов обожавател трансексуалец, и додаден натпис-коментар: „Ова се случува на промоциите на вотка… Пијте одговорно, луѓе.”