Миха Пучник од Словенија и Гонзало Рибеиро од Португалија се новите ракометари на македонскиот клуб Металург.

Словенечкот ракометар има договор до крајот на сезоната, додека Португалецот ќе остане во Автокоманда до јуни 2020 година.

Пучник има 30 години и игра на позиција лев бек. Последен негов клуб е белгиски Бохолт, а има играно во Горење, Оромож и Марибор.

Рибеиро има 21 година и игра на позиција среден бек, последен клуб за кој настапува е француски Понто.

Претходно, Металург го договори доаѓањето на словенечкиот ракометар Александар Шпенде од Порто.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 00:59