Со проектите поддржани од Програмата за рурален развој, средствата што преку даноци граѓаните ги уплаќаат во државната каса, преку нови проекти повторно ќе се вратат кај нив во форма на подобри услови за живот, рече денеска директорката на УЈП, Сања Лукареска.

Лукаревска беше на состанок во Платежната агенција. Со директорот Николче Бабовски разговараше за подобрување на соработката меѓу двете институции и за успешна имплементација на Програмата за рурален развој.

-Со помош на овие средства се обезбедуваат нови капитални инвестиции за општините. Ќе се решат проблемите со патната и комуналната инфраструктура и ќе се подобри квалитетот на животот за граѓаните во руралните средини, истакна Лукареска.

Според директорот на Платежната агенција Бабовски, реконструкција или изградба на селски улици и плоштади, изработка на детални урбанистички планови, поврзување со регионален или локален пат од пет до седум киломтери, изградба на водовод и канализација, на младински културни центри, добиточни пазари,…се само некои од придобивките што може да ги обезбеди поддршката од Програмата за рурален развој.

-Со средствата од Мерката 323 може да се градат патишта за поврзување со објекти од културно или значање за животот на граѓаните, како и инфраструктурно поврзување со објекти од културното наследство, уредување на излетнички места, како и озеленување површини покрај природни езера или магистрални патишта во рурални средини, дополни Бабовски.

Заменик директорот Авдул Селам Селами укажа дека финансиската поддршка е 100 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата без ДДВ. Општините сами си го покриваат данокот на додадена вредност. Оние општини кои имаат почнати или веќе завршени проекти од претходни години и повици треба да го имаат подмирено данокот на додадена вредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 11:19