Македонија е рангирана на 10. место во најновиот извештај „Дуинг бизнис 2019“ на Светска банка, што е подобрување за една позиција во однос на претходната година.

Рангирањето е правено врз основа на 10 критериуми, а се опфатени 190 земји во светот.

Македонија е најдобро позиционирана, на седмото место, според критериумот заштита на малцинските инвеститори, а најслаб според критериумите регистрирање на имот и почнување бизнис, на 46 односно 47 место.

Во извештајот „Дуинг бизнис 2019“ Македонија е највиско рангирана од државите во регионот. Словенија е 40-та,Косово 44, Србија 48, Црна Гора 50, Хрватска 58, Бугарија 59, Албанија 63, Грција 72, а Босна и Херцеговина 89.

Најдобра во светот, според „Дуинг бизнис2019“ е Нов Зеланд, а покрај Македонија во топ 10 се уште и Сингапур, Данска, Хонконг, Јужна Кореа,Грузија, Норвешка, САД и Велика Британија.

На дното на листата се Либија, Јемен, Венецуела, Еритреја и Сомалија.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 15:22