Ансамблот на НУ Народен театар-Битола од утре до 5 ноември ќе гостува во Ерменија.

Од НУ Народен татар-Битола информираат дека гостувањето е на покана на тамошниот национален театар и во рамки на Интернационалниот Театарски Шекспир Фестивал.

– На фестивалот во Ереван ќе одиграме две претстави, и тоа првата претстава „Антоние и Клеопатра“ во режија на Џон Блондел, која според програмата ќе биде изведена на 2. ноември, во градот Ѓумри, втор по големина и најважниот културен центар во Ерменија. Втората претстава, „Отело“ во режија на Диего Де Бреа ќе ја одиграме следниот ден на 3. ноември, но во главниот ерменски град Ереван, истакна Иван Јерчиќ, директор на НУ Народен театар-Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 17:17