Македонија го подобри рангирањето за една позиција во извештајот на „Дуинг бизнис“ на Светска банка што денеска беше објавен. Министерот за финансии Драган Тевдовски истакнува дека како земја е важно дека сме високо рангирани и оти Македонија не назадува како што вели опозицијата.

-Во однос на извештајот „Дуинг бизнис“, Македонија го подобри рангирањето за една позиција. Тоа е спротивно на она што опозицијата долго време зборуваше дека Македонија ќе назадува во ова рангирање. На подобрување на реглативата работеа многу луѓе во Министерството за финансии и други институции, но најважно е тоа што го правевеме како Влада што не се мери во „Дуинг бизнис“, а тоа е за разлика од порано што не постојат оние политички притисоци врз бизнис-секторот, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски одговорајќи на новинарски прашања по завршување на Конференцијата што ја организираа МФ и Светска банка.

Тој додаде дека доколку се гледаат различни елементи, поврат на ДДВ се врши технички без селективност и брзо. Има поддршка за домашните бизниси, што покажува дека важно приватниот сектор да има еднакви и фер можности и да оди напред.

Оцени дека е важно таа регулатива да се држи за да има поволна клима за инвеститорите, за кои и е наменет извештајот Дуинг бизнис. – Тие секогаш кога зборуваме прашуваат до каде се преспективите за приклучување кон ЕУ и НАТО, дека после интеграција на земјата во НАТО заедно со добро рангирање на Дуинг бизнис членството во НАТО ќе биде најголема поддршка и придонес за подобрување на привлекувањето на инвестиции во Македонија, рече министерот.

Тој потенцира дека Владата работи на подобрување на регулативата и дека во изминатиот период е работено на многу области. – Добар дел, појасни, од се прифатени. Дел од тие што се изработени ќе бидат прифатгени во идниот период. Како земја е важно дека сме високо рангирани повисоко од претходната година. Работиме и на други делови многу важни за да имаме подобро привлекување. Мислам дека членството во НАТО е најдобра гаранција за да инвеститорите инвестираат, истакна министерот.

Во денеска објавениот извештај Дуинг бизнис Македонија со индекс од 81,55 е рангирана на 10. место што е подобрување за една позиција во однос на претходната година. Рангирањето е правено врз основа на 10 критериуми, а се опфатени 190 земји во светот.

Македонија е најдобро позиционирана, на седмото место, според критериумот заштита на малцинските инвеститори, а најслабо според критериумите регистрирање на имот и почнување бизнис, на 46 односно 47 место. Најголем напредок во однос на лани имаме во критериумот градежни дозволи и регистрација на имот. Назадување има кај критериумот стартување бизнис и снабдување со струја, заштита на малциснките инвеститори, плаќање даноци, прекугранична трговија и склучување договори.Без промена и останување на иста позиција има по однос на критериумот добивање кредит и справување со несолвентност.

Во извештајот „Дуинг бизнис 2019“ Македонија е највиско рангирана од државите во регионот. Словенија е 40-та,Косово 44, Србија 48, Црна Гора 50, Хрватска 58, Бугарија 59, Албанија 63, Грција 72, а Босна и Херцеговина 89.

Најдобра во светот, според „Дуинг бизнис2019“ е Нов Зеланд, а покрај Македонија во топ 10 се уште и Сингапур, Данска, Хонконг, Јужна Кореа, Грузија, Норвешка, САД и Велика Британија.

На дното на листата се Либија, Јемен, Венецуела, Еритреја и Сомалија.

Оценувањето за извештајот се однесува на периодот средина на2017 до средина на 2018 година, односно е со пресечен датум 1 мај 2018, а се базира на информации добиени од државните институциии приватниот сектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 17:29