Апелацискиот суд Скопје на 1 октомври годинава донесе Решение со кое се укинува решението на Основниот суд Велес од 9 јули годинава со кое го одобри предложениот План за реорганизација на ФЕНИ Индустри АД Кавадарци во стечај, доставен од доверителот Глобал Спешал Опортјунитиес ЛТД со седиште Дилејни Корп (Бахамите) и предметот се враќа пред првостепениот суд на повторно постапување и одлучување, информира Транспаренси Интернешнел Македонија (ТИМ).

Новото решение е донесено откако Апелацискиот суд ги прифатил жалбите доставени од доверителите Акрон од Белизе, Кунико Маркетинг ФЗЕ од Дубаи, Кунико Ресурсис од Холандија и Друштвото за транспорт и услуги ДХЛ Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје.

– Транспаренси Интернешнел Македонија во повеќе наврати укажуваше на неправилностите во стечајната постапка што се води за ФЕНИ Индустри АД Кавадарци во стечај. Поради високиот јавен интерес и интересот на граѓаните на Република Македонија ТИ Македонија и понатаму со внимание ќе го следи текот на стечајната постапка за ФЕНИ Индустри АД Кавадарци во стечај се до нејзиното завршување, се вели во соопштението од ТИМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2018 17:34