Нема да зборувам што затекнавме ама ќе одговорам на прашањата и критиките што ги добивам од опозицијата, му одговори премиерот Зоран Заев на пратеничкото прашање на Влатко Ѓорчев.
Премиерот објасни дека капиталните инвестиции во најголем дел се гасификацијата и железницата, другите делови се за училиштата, градинките, водоводни мрежи.
-Инвестициите се задоволителни дури се и поголеми во споредба со претходните години. Да, беа закочени, но тргна работата, очекувам и повеќе инвестиции, нагласува Заев.