СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.М.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“.

На 25.06.2018 година околу 17.00 часот на улица „1“ во село Арачиново, кон излезот на село Сингелиќ, полициски службеници забележале патничко возило кое го управувал пријавениот. Полициските службеници дале наредба да го запре возилото, но тој не послушал, продолжил со движење и со возилото во два наврати удрил во полициските службеници.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 02:24