НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на интернационалниот фестивал „Музика од Светот“ ја промовира програмата на јубилејното, 10-то издание кое од 16 до 18 ноември ќе се одржува во овој град.

Според Маја Илијевски Андоновска, првата деценија на фестивалот „Музика од Светот“ ќе биде во знакот на македонската група „Синтезис“ и неколку групи од Куба.

-Подготвени сме за фестивалот кој традиционално го поддржуваат Министерството за култура и општина Битола. Фестивалот ќе почне со македонската група „Синтезис“, а публиката ќе може да види еден џез квартет од македонски музичари, а главна атракција ќе биде групата „Фламенко Екос“ од Куба која е исклучително квалитетна и егзотична, истакна Илијевски Андоновска.

Изборот на групите учесници и музичката програма ја изврши селекторот на фестивалот Оливер Јосифовски, кој најави дека освен концертни во рамки на фестивалот планирани се и постконцертни настани кои ќе се одржуваат во неколку кафе-локали во Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 13:58