Лидерот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс не е изненаден од стабилното претставување на Лука Дончиќ во НБА.

Суперѕвездата на светската кошарка ги измери силите со словенечката надеж при средбата на „езерџиите“ со Далас, при што го постигна победничкиот кош за успехот на Л.А. со 114:113.

– Мислам дека европските играчи се развиваат побрзо од оние во НБА, Американците. Тој (Лука Дончиќ) е меѓу професионалците … колку долго, откако имал 15 години? Така ситуацијата тука не го вознемирува. Јас не мислам дека играта тука е нешто, што го нема видено порано. Мислам дека ова е една од најдобрите работи за европската кошарка, односно за професионалната кошарка таму. Дека играчите се развиваат толку рано и толку брзо, истакна Џејмс.

Тој го даде како пример и поранешниот соиграч во Кливленд, Џеди Осман, кој пристигна од Турција на прилично млада возраст, а сега е меѓу главните играчи на Кавалирс.

Џејмс заврши со 29 поени, 6 асистенции и 5 скока при успехот над Далас, додека Дончиќ имаше учинок од 14 поени, седум асистенциии и пет скока.

По крајот на средбата Дончиќ доби специјален подарок од својот идол – дрес со автограм и порака.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 16:13