Претставниците на билатералните комори во Македонија, Советот на странските инвеститори, со присуство на партнери, економски советници од Холандската и Британската амбасада, денеска се сретнаа со цел да разменат информации за нивните активности и фокуси во изминатиот период.

Средбата се одржа на покана на Македонско-турската комора. Присутните констатираа дека е потребно уште поголемо отворање на јавниот сектор кон приватниот во однос на дијалог при конципирање на регулативата, како и овозможување доволно време за да се проверат иницијативите меѓу членството. Како пример се спомна процесот со што се најавува воведување на прогресивно оданочување, соопштија од Македонско-турската комора.

На средбата беше укажано на проблемот во однос на недостигот на квалификувана работна сила и дека се потребни интензивни и поефикасни реформи во таа област. Беше констатирано дека владините институции се се покомуникативни и се посочи Царинската управа на Република Македонија која го негува партнерскиот однос со бизнис заедницата.

На средбата беше заклучено дека билатералните комори периодично ќе се состануваат поради взаемно информирање и координирање заеднички настапи со цел да се продолжи процесот на унапредување на деловната и инвестиционата клима и демократизацијата на пазарот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 18:00