Во новиот број на српското литературно списание „Екерман“ е објавен расказот „Вертикалата на Душко Крстев“ на македонскиот писател Томислав Османли.

Расказот е црнохуморна, сатирична проза од жанрот на „капричата“ во што авторот ги исмејува политикантството и празната амбиција на новокомпонираните политички личности.

Тие иронични социјални и менталитетни критики, Османли ги создава веќе една деценија почнувајќи од неговата прозна збирка „Каприча“ па се до најновата книга раскази насловена „Океан од слики“.

Објавата во книжевното списание е еден вид најава за книгата на Томислав Османли што, со тој жанровски вид раскази, наскоро треба да биде објавена во Србија.

„Екерман“ објавува рубрицирани содржини од домените на прозата, есеистиката, критиката, драмата и теми од литературата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 18:14