„Писателот од Порече“ е насловена монографијата на авторите Наум Попески и Саво Костадиновски која деновиве е објавена во издание на Акдемски печат од Скопје.

Монографијата е посветена на Саво Костадиновски, како и на неговото блиско и подалечно семејство, роднина на познатиот Костадин војводата, омилен лик од македонската историја, опеан во популарната народна песна „Слушам кај шумат шумите“.

Македонската публицистика со ова дело е збогатена со нова содржина во која станува збор за Порече од каде што потекнува Костадиновски. Тој потоа животот го продолжил во Келн, Германија, и во други градови и држави во светот.

Сето тоа е опишано и преку стихови од овој автор за деца, кој досега има објавено и многу други книги, како и Наум Попески, најпознат по книгата „Бон тон за деца“ и уште 18 други книги.

На повеќе од 380 страници монографијата содржи записи и стихови, како и поголем број фотографии за личностите за кои станува збор.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 18:38