Во рамки на програмските активности на библиотеката од Гевгелија насочени кон популаризација на книгата, во Месецот на книгата, денеска пред гевгелиската читателска публика со свои творби се претставија 14 автори, членови на Друштвото на писателите на Македонија.
Претседателката на ДПМ,Соња Стојменска-Елзесер,во своето обраќање повика дека љубовта кон книгата секогаш треба да се негува и изрази големо задоволство што гледа многу млади луѓе на средбата, ветувајќи дека ДПМ ќе продолжи да соработува на популаризација на книгата не само со библиотеката „Гоце Делчев“, туку и со другите културни институции во општина Гевгелија.
– Љубовта кон пишувањето не познава граници и никој не знае каде ќе се појави врутокот на талентот, а Гевгелија од секогаш имала и ќе има талентирани писатели, истакна Елзесер.
Како следна активност по повод Месецот на книгата, директорот на гевгелиската библиотека Дамјан Ѓуров, го најави излегувањето на петтото издание од книгата „Метрички карван“.